(Видео) „Македонската ракија ги убива бактериите“ – Водители во Австралија не можеа да поверуваат што пие „BalkanDad“ наутро

t

„Ништо не може да те разбуди како чашка ракија наутро“ – со оваа порака австралиските водители ја споделија својата прва средба со македонската ракија, која им ја донесе познатиот српски комичар на Инстаграм Милош Недељков, попознат како „BalkanDad“. За време на гостувањето во утринска емисија, тој им покажа како изгледа традиционален балкански појадок, но главниот момент беше токму дегустацијата на ракијата – купена во Австралија, но од македонски производител.

„BalkanDad“, кој е познат по хумористични видеа во кои го прикажува стереотипниот балкански татко, ги изненади водителите со комбинацијата на јајца, сланина, српски колбас, сирење, домати, кисели краставички и задолжителниот јогурт. Но, кулминацијата беше кога им ја подаде македонската ракија, нарекувајќи ја „слаба“.

Иако тој на шега истакна дека „Балканците пијат ракија на гладно за да убијат бактерии“, реакцијата на водителите беше многу посилна – тие со шок и смеа признаа дека никогаш не пробале нешто со таков интензивен вкус. Нивниот коментар под видеото беше јасен: „Ништо не може да те разбуди како чашка ракија наутро!“

Освен што се обидоа да јадат по балкански терк, водителите беа особено изненадени кога „BalkanDad“ на крајот се напи од водата од теглата со кисели краставички. Оваа „мистериозна“ навика предизвика мешавина од неверување и смеа во студиото, со прашања како „дали навистина се пие ова?“.

За крај, видеото од гостувањето брзо стана вирално на социјалните мрежи, а гледачите, особено оние од Балканот, со задоволство гледаа како дел од нивната култура го освојува далечниот континент.

Инаку за оние што не знаат Милош Недељков на една година со семејството се преселил во Нов Зеланд, а потоа живеел и во Австралија. Тој се прослави со видеа во кои го доловува животот на типичните балкански татковци. Облечен во долна маица, со чачкалица в уста и високи чорапи над тренерките, тој низ хумор ја слави балканската култура и навики.

Сега повторно е во Австралија, каде што ги истражува локалите со балканска храна и бурекчилници, а со своето појавување на телевизија уште еднаш ја истакна уникатноста на балканскиот начин на живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велика Британија воведе нови санкции за руските…

Велика Британија воведе нови санкции против руски…

Пукање во близина на Белата куќа: Четири…

Четири лица се повредени во пукање што…

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…