Објавено на:

„И Исус, Марија и Јосиф биле мигранти“: Папата остро го осуди Трамп за масовните депортации

t

Папата Франциск денеска во писмо до американските бискупи повика на поддршка за мигрантите, кои се соочуваат со масовни депортации, остро критикувајќи ги новововедените политики на американскиот претседател Доналд Трамп и потсетувајќи дека „и Исус, Марија и Јосиф биле мигранти“.

Масовните депортации се „рана на човечкото достоинство“, оцени папата и се осврна на зборовите на Пиј 12-ти, папата кој пишувал за емиграцијата на Исус Христос во Египет, јавија светските медиуми.

– Семејството од Назарет во егзил, Исус, Марија и Јосиф, кои емигрираа во Египет и таму најдоа засолниште за да го избегнат гневот на злобниот крал, се пример и утеха за емигрантите и аџиите од сите возрасти и од секоја земја, за сите бегалци во каква било состојба, кои поради напади или поради кои нивните пријатели мораа да ја напуштат својата земја и да заминат во туѓина“, Франциск ги цитираше зборовите на папата Пиј.

Папата Франциск потсети дека луѓето често емигрираат поради сиромаштија, експлоатација и прогонство и дека масовните депортации се против човечкото достоинство и емпатија.

– Она што се гради на сила, а не на вистината за еднаквото достоинство на секој човек, почнува лошо и лошо ќе заврши – предупреди папата.

Ден по неговата инаугурација на 20 јануари, Трамп започна политика на масовни депортации на мигранти кои немаат законски регулиран статус во САД, главно со потекло од Латинска Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…

За време на неговата прва аудиенција со…

(Во живо) Лав XIV е првиот папа…

Новиот папа е Роберт Превост од САД,…

Конклавата за избор на нов папа ќе…

Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…