Во координирана акција на БЈБ и Царината пресечен канал за шверц на дрога

t

Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и Царинската управа во заедничка акција синоќа фатиле поголема количина на дрога на граничниот премин Богородица, дознава МКД.мк.

Според нашите неофицијални информации БЈБ и Царината координирано пресекле канал на шверц на дрога.

Од синоќа на граничниот премин Богородица службеници на Царината и полицијата активно претресуваат камион со македонски регистарски таблички натоварен со рециклирана отпадна хартија. Според информациите на МКД.мк, камионот влегол од Косово во Македонија, а требало да оди за Грција. Неофицијално, се претпоставува дека крајна дестинација на дрогата била Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебе се заразило со морбили — петти…

Уште еден случај на морбили е потврден…

Малолетници се претепале во близина на основно…

Физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од Скопје…

Жена украла козметика од гостиварска аптека, ја…

Жена вчера украла козметички производи од аптека…

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…