Ученичка нападнала врсничка во школски двор во Чаир, па се фалела со снимка на социјалните мрежи
Уште еден случај на насилство меѓу малолетни девојчиња е забележан вчера во скопската населба Чаир, во двор на средно училиште. Насилна ученичка нападнала врсничка, а тепачката била снимена и објавена на социјалните мрежи, велат од МВР.
„Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(42) од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 околу 11.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, која ја познавала, при што настанот бил снимен и видеото било објавено на социјални мрежи“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…
65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…
Меџити: Чаир е само шеста општина во…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…
СДСМ: Во Чаир законите не важат
Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…