Андонов: Ни срам ни перде, на новинарот…

t

Ни срам ни перде, на новинарот на текстот објавен во Експрес.мк. – пишува професорот Оливер Андонов.

– Познавајќи го моделот на функционирање на пропагандниот мајнстрим во нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не сум изненаден од текстот објавен во Експрес.мк како панична рекција на мојата денешна ФБ објава.

Најпрво, драги наши сопартијци да Ви појаснам дека ние не сме “баба Ванѓа” за да знаеме што тоа Мицкоски мисли, посебно кога во мангупски стил се обраќа од собраниската говорница крајно нејасен и недоречен што укажува на некои други состојби. Едноставно, слушаме што кажува и соодветно на изјавеното реагираме. Тоа што подоцна откако ќе разбере што кажал, се обидува да се дообјаснува не е наш проблем како членови на партијата.

И уште едно појаснување до “новинарот*. Оливер Андонов како и сите поддржувачи на Внатрепартиската фракција во ВМРО-ДПМНЕ се членови на ВМРО-ДПМНЕ, а не поранешни членови како што манипулира писателот по нарачка кој се претставува како новинар. Нашето членство е ажурирано и целосно колку и да се обидуваат во партиските активности да не маргинализираат. Во исто време во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ не е забрането формирање на внатрепартиска фракција и истата постои и е општествено – политички активна многу повеќе од поедини партиски и државни функционери, колку и да Мицкоски тоа не сака да го признае. При тоа, таа наша акѕивност е токму во полза на ВМРО-ДПМНЕ со јасна порака дека во партијата постојат здрави демократски про европски и про НАТО сили колку и да се маргинализираат и изложуваат на притисоци до степен да ја напуштат пљртијата. Секако, немаме намера да ја напуштиме нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и ќе останеме носители на демократизацијата и европеизацијата на партијата.

И тоа се фактите за работата и улогата на внатрепартиската фракција и видливото чудно однесување и демократскиот капацитет на Мицкоски.

Е сега уште по конкретно за тоа кој со кого не смее да разговара и кој бега од нормален демократски дијалог како во партијата така и во општеството:

1. Да се потсетиме дека мнозина кој ја напуштија партијата, формираа свои политички субјекти и го навредуваа Мицкоски сега се негови политички партнери. Со овие политиканти Мицкоски наоѓа време за разговор, но со своите сопартијци не сака да разговара. Или поточно, не сака да разговара со тие кои му зборуваат за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ или за интересите на Македонија а спротивно на манипулативните и лукративни политики.

2. Како внатрепартиска фракција уште од нашата јавна промоција како политичка група во нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, на 22-ри септември 2022 година, го повикуваме Мицкоски на разговор. Но на самата пресс конференција генијалците од Центар за комуникации во демократски дух ни пуштаа гласна музика за да не замолчат.

3. “Новинаров” кој претставува срам за таа професија, исто така треба да знае дека навреда за членството на ВМРО-ДПМНЕ е учеството на нелегалната конвенција ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ( 2024), на која учествуваше Силјановска, туку суров факт за професорката по право. Згора на тоа еклатантно кршење на Статутот на партијата и уште по бедна манипулација и срам беше злоупотребата на Уставобранителите како конвенционери а сега 9 месеци подоцна сеуште неамнестирани “клетници” кои умираат по затворите. И за нив треба да се разговара, нели?

3. Наместо овој кабинетџија да се занимава со моето перде (за неговото перде неможе да стане ниту збор), нека гледа да ја извлече професорката по право од меѓународата изолација во која е веќе 9 месеци. Во исто време, пробоно ( како што вели кога сака да се претстави за чесен, нивниот политички гуру, со познато ниво на перде и срам) стојам на располагање за придонес кон создавање на соодветни безбедносно – одбрамбени политики од интерес за Македонија кои во овие 9 месеци воопшто не се започнати. За појаснување на “новинарот”, за почеток тоа е збир на концепции, стратегии и доктрини во контекст на градење на отпорност и одбрана согласно Концептот на НАТО.

И засега толку од поуките, повеќе за стратегиите во следните неколку колумни.

И сосема за крај, еден совет.

И кога Мицкоски ќе има неодолива желба да се прави паметен и згора на тоа уште и мангуп од собраниската говорница, обиди се Луке да го подготвиш добро и да му ја смириш суетата за да знае што зборува (или барем да прочита), вака не само што нанесува штета на партијата со незнаење и недореченост, туку и ја иритира јавноста а потоа мора да ангажираш вакви недоносени новинари кои преку бесрамен обид со пласирање невистини се мачат да го заштитат Мицкоски од самиот себе. Или да си ги заштитат сопствените позиции и привилегии.

Во прилог е глупавиот текст за одбрана на Мицкоски од “новинарот” со перде и без срам. – пишува Андонов на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…