МНР на Бугарија: Мицкоски ја искривува реалноста и ја поткопува европската интеграција на Република Северна Македонија
МНР на Бугарија го изразува своето длабоко разочарување и категорично ги осудува последните изјави на Премиерот на РСМ Христијан Мицкоски. Тие изјави не само што ја искривуваат реалноста, но и ги рушат напорите за изградба на добрососедски односи и европска интеграција, јавува БГНЕС.
,,Сакаме да подвлечеме дека прашањето за правата на Бугарите во Република Северна Македонија не е билатерален спор помеѓу нашите две држави, а е прашање кои ги засега основните европски вредности и стандарди. Напредок во процесот за европската интеграција на РСМ е возможен само преку целосно спроведување на европскиот консензус договорен и прифатен од Советот на ЕУ во 2022 година, важен дел од кој се измените во Уставот на РСМ. Почитувањето на правата на малцинствата и гаранциите за нивната рамноправност се фундаментални принципи на ЕУ. Во овој контекст РС Македонија како земја кандидат за влез во ЕУ носи одговорност да го усогласи своето законодавство и практика во согласност со тие принципи. Исто така би сакале да обратиме внимание на фактот дека огромен број граѓани на РС Македонија добиле бугарско државјанство признавајќи го своето бугарско потекло и идентитет. Ги повикуваме властите во РС Македонија да се воздржуваат од реторика која наметнува поделби и омраза. Наместо тоа да се фокусираат врз спроведувањето на критериумите за членство во ЕУ, вклучително почитувањето на правата на сите етнички заедници во земјата. Само преку искрен дијалог и взаемно почитување можеме да постигнеме одржлив развој и просперитет за нашите народи во рамките на обединета Европа .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…