Уапсени две лица во тетовско, се „сотреле“ од крадење на алат и машини за домаќинство
Вчера во 14.00 часот, полицијата уапси две лица, 23-годишниот З.Џ. од село Желино, тетовско и 47-годишниот А.А. од Тетово поради сомнеж дека извршиле над 10 кражби.
„При претреси во нивните домови и помошни простории во село Желино, Тетово и во село Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино“ велат од полицијата.
Од МВР посочуваат дека предметите биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наставничка натепала ученик во училиште во Тетово
Наставничка нападнала ученик во основно училиште во…
Хакери ја поставиле температурата на ладилниците на…
Едно утро, во месарница во Кифисија, северно…
УГД има нулта толеранција за каков било…
Во врска со денешните полициски дејствија и…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“
Вкупните одливи на средства од „АЛТА банка“…