Герасимовски: Секојдневно се соочуваме со неисчистен смет, контејнерите се преполни

t

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски за МТВ1 вели дека секојдневно се соочуваат со неисчистен смет, особено околу преполните контејнери, што претставува проблем во сите скопски општини. Тој додава дека иако контејнерите се под надлежност на Град Скопје и Јавното Комунално Претпријатие службите од општината изминативе недели самостојно отстранувале отпад од многу локации, и покрај тоа што тоа не било под нивна ингеренција.

Герасимоски посочи дека општината се соочува со слична ситуација на Кале, Крњево и уште неколку населби, каде што сметот не беше подигнат, па општинските служби повторно интервенирале.

„Нашите екипи се постојано на терен и ги решаваат проблемите, иако немаме механизација за подигнување на контејнерите, бидејќи тоа е надлежност на Град Скопје. Како општина располагаме со 120 хигиеничари, цистерна за миење улици и специјализирани возила за чистење на јавните површини, но не и механизација за подигнување на смет од контејнерите.”

Герасимовски нагласи дека ова е проблем во сите скопски општини, но Општина Центар изминативе недели самостојно презема активности за да обезбеди чиста и уредна средина за граѓаните.

„Овој проблем бара поголема координација и поддршка од сите институции за да најдеме трајно решение”, додаде Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…