СДСМ прaшува дали ќе се менува химната?
Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека е против промена на грбот на државата, како што планираат ВМРО-ДПМНЕ и Влен. По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека ова прашање е отворено во владината коалиција, Филипче денеска праша дали се планира промена и на химната.
„Дали ВМРО-ДПМНЕ збори со Влен и за промена на химната? Сметаме дека нема потреба од нови етнички поделби. Ако има ваков предлог ние како партија ќе бидеме против“, рече денеска Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинари.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговарајќи на новинарско прашање кажа ова прашање е отворено во владината коалиција.
„Јас знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред неколку години за промена на државниот грб. Инаку, ние ова прашање го отворивме и сметам дека сме една од двете држави, би рекол постсоцијалистички, кои сè уште за државниот грб го имаат стариот со некои модификации“, рече Мицкоски.
Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Беса, Биљал Касами денеска изјави дека државниот грб е наследство од минатиот систем, а со новиот грб би се рефлектирала сегашната реалност на државата.
„Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија. Подготвени сме да разговараме и сигурно дека тоа ќе биде во транспарентен процес, согласно Уставот и законите“, Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…