ДУИ отпочна сеопфатна партиска реформа и ветинг во своите редови

t

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска најави почеток на сеопфатен процес на реформи и ветинг во партијата, предводен од претседателот на партијата Али Ахмети и раководството на партијата. Велат дека оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за добро владеење и интегритет, поставувајќи нов стандард за политичките партии во регионот.

Како дел од својата реформска стратегија, ДУИ вели дека спроведува конкретни механизми насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста во своите редови.

-Пратениците од ДУИ го отпочнаа процесот на реформи со проценка на ризик од корупција и го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ. Овој кодекс е усогласен со Кодексот за добра практика на полето на политичките партии, усвоен со Резолуција на Венецијанската комисија и на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

ДУИ е решена да го прошири овој процес на проверка надвор од парламентарното ниво, таргетирајќи ги сите високи партиски функционери, членовите на Претседателството на ДУИ и локалното раководство на партискиот огранок. Овој стратешки акционен план има за цел не само да го зајакне ставот на партијата против корупцијата, туку и да ја поттикне културата на интегритет во политичките процеси, порачаа од партијата од Мала Речица.

Како предводник на овие реформи, од партијата посочуваат дека поставуваат преседан за другите политички партии. Оваа иницијатива, според партијата на Али Ахмети ја потврдува посветеноста на ДУИ за владеење на правото и ја демонстрира одлучноста на партијата за справување со корупцијата во сите сегменти.

-ДУИ е посветена на градење извонреден институционален и личен интегритет“, изјавил Али Ахмети. „Нашиот пристап е сеопфатен и добро испланиран, фокусирајќи се на поединци со силен интегритет кои ќе ја бранат антикорупциската агенда и процесот на проверка, соопштија од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…

Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…

ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…

Без срам власта е подготвена да ги…

Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…

ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…

Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…

Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…