Американски носач на авиони се судри со трговски брод во близина на Египет
Носач на авиони на американската морнарица се судри со трговски брод во близина на Египет, соопшти американската војска, додавајќи дека носачот на нуклеарен погон е во стабилна состојба и нема информации за повредени.
Во соопштението се прецизира дека носачот на авиони „Хари Труман“ се судрил со бродот Бешикташ-М во средата доцна навечер кај Порт Саид, Египет.
„Судирот не го загрози „Хари С. Труман” и нема извештаи за поплави или повредени. Електраните не беа погодени и се во безбедна и стабилна состојба”, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски носач на авиони се судри со…
Носач на авиони на американската морнарица се…
Тешка сообраќајка кај Колари, повредени осум лица
Осум лица од кои две потешко се…