Палевски резервирал авионска карта за Минск, комуницирал со лице кое требало да го чека во Москва!

t

Во фаза на доказна постапка денеска во Кривичниот суд продолжи судскиот процес за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Обвинителството презентираше материјални докази, меѓу кои и подигнати траги од возила, отпушоци од цигари, фискална сметка за набавка на гориво, подигнати предмети од местата каде се пронајдени телата на починатите.

Обвинителката истакна дека во неколку наврати е констатирано бришење на комуникација, меѓутоа постои евиденција за комуникација помеѓу Палевски и лице Хусеин каде го известува дека букирал авионска карта за Минск.

– Произлегува дека во периодот помеѓу 27.11 и 01.12.2023 година, нема остварено разговори, (обвинетиот Палевски) остварил разговори само со Влатко Кешишев и Стефан Димковски. На Телеграм има најголем број остварени разговори. Со анализа, утврдено е дека на 22.11.2023 година има седум пропуштени неодговорени повици, а првиот разговор остварен е во 12 часот 10 минути и 54 секунди. На 27.11.2023 првиот разговор, исто преку Телеграм е во 11 часот 3 минути и 30 секунди, откако претходно пропуштил два повици.

На WhatsApp има остварено разговори од 25.11. до 02.12.2023 само со тројца корисници. На Фејсбук користени се девет различни профили. Во интерес се две комуникации на 01.12.2023 со Влатко Кешишев и со Стефан Димковски. На Инстаграм користел само еден профил. Во однос на пораките ги има во периодот од 30.11 до 03.12.2023 година.

На Вибер имал комуникација до 01.12.2023 година, пронајдена е комуникација со лице по име Драган кој според комуникацијата се наоѓа во Москва, на кого обвинетиот Палевски во порака му пишува дека на 05.12.2023 планира да стигне во Москва па бара од него помош да го земе од аеродромот. На мрежата WhatsApp битка е комуникацијата на 27.11.2023 во 10.44 часот со лице кое го прашува Палевски дали можат да поминат со друго лице на кафе, дека е уморен, цела ноќ не спиел, објасни Обвинителката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…