Таравари: 20 болници се подготвени да почнат да ги вработуваат првите 300 специјализанти
Министерот за здравство Таравари најави дека 20 јавно- здравствени установи веќе се подготвени да почнат да ги вработуваат првите 300 специјализанти. Тој рече дека останатите болници ги подготвуваат новите систематизации.
Од вкупно 108 јавно- здравствени установи кои подготвуваа нови систематизации, 20 веќе се подготвени и можат веднаш да почнат да ги вработуваат првите 300 специјализанти, останатите ќе чекаат да дојдат новите систематизации од Министерството за администрација. Првите 20 јавно- здравствени установи кои што веќе имаат нова систематизација веднаш може да ги вработуваат, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Според директорот на Здравствен дом Скопје, Самир Исени, има недостиг на медицински персонал во Итната медицинска помош, а недостасуваат и лекари невролози и дерматолози.
На пример имаме недостиг на невролози, дерматолози, недостиг има и во Итната медицинска помош, затоа што имаме многу мал број на екипи, но во контакт сме и со министерот и со министерството и се планираат неколку вработувања. Со тоа би се зголемил и бројот на екипите за да можеме да излеземе во пресрет на граѓаните, затоа што сега мал е бројот со кои што располагаме во моментов, изјави Самир Исени, директор на Здравствен дом Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…