Обвинителството предлага нови докази за убиството на Панче Жежовски!

t

Обвинителството денеска предложи да се изведе како доказ нов материјал за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој за време на поднесувањето на обвинителниот акт биле во процес на анализирање и вештачење, поради што не биле доставени, но биле најавени како докази, објасни на денешното рочиште обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска.

– Се работи за уред од безбедносните камери поставени на куќата на Велибор Манев, на истиот се наоѓа материјал од безбедносните камери, 7 на број, кој ги опфаќа деновите од 20.11 до 03.12.2023 година со 24-часовно снимање. Материјалот е екстрахиран на хард диск, а екстрахираниот материјал го следи известување од МВР БЈБ Оддел за форензички испитувања. Како доказ од овој видео-материјал предлагам да биде изведен на главната расправа видео-материјал на 6 ЦД-иња. Известувањата од секторот за оружје на МВР се однесуваат на фактот дали и кој од обвинетите поседува оружје со дозвола. Овие докази се обезбедени во текот на истражната постапка, нивното анализирање при поднесувањето на обвинителниот акт од 12.08.2024 година било во тек, но не било завршено и од тие причини истите се најавени во точка 16 од листата на докази која е поднесена со овој обвинителен акт, објасни обвинителката која појасни дека снимките покажуваат подготвување и групирање на обвинетите ноќта и дента непосредно пред убивање на Панче Жежовски.

Одбраната на Палевски истакна дека судот не треба да ги прифати овие докази. Судот донесе решение за одложување на главната расправа со цел одбраната да ги разгледа новоподнесените докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Бугарското обвинителство подигна обвинение против анестезилог за…

Окружното обвинителство на Пловдив подигна обвинение против…

Арсовска за Ганиу: Или нека добие кривична…

Лик како Вики Ганиу би требало да…

(Видео) Нема вечно да молчиме, им порачаа…

Нашиот молк е гласот на оние што…

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…