Клексанот ќе се подига со рецепт – пациентите повеќе нема да чекаат за рефундирање
Во иднина, пациентите повеќе нема да мора да чекаат за рефундирање на лекот Клексан, туку ќе можат да го подигнат директно со рецепт, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Тој објасни дека се предложени две измени во Правилникот, кои ќе овозможат одредени лекови да се префрлат од болничката на аптекарската позитивна листа. Истовремено, Фондот иницира намалување на цените на лековите кои се дел од позитивната листа.
„Во фокусот ни е префрлањето на антикоагулансите, како што е Клексан, кој веќе е на болничката листа. Наместо пациентите да чекаат за рефундирање, ќе можат да го добиваат на рецепт. Очекувам дека штом Комисијата започне со работа и се усвојат измените на правилниците, ова ќе биде првата мерка која ќе стапи во сила,“ изјави Клековски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…