Вие мислевте 8 Септември ќе го слават? Биљал Касами и ски-центар Попова Шапка ќе слават независност на Косово

t

Ски-центарот „Попова Шапка“ по примерот на тетовскиот градоначалник Биљал Касами ја прославува независноста на Косово. Во објава на Фејсбук тие најавија прослава за независноста на Косово, иако „Попова Шапка“ е државен ски-центар.

Во објавата на албански јазик стои: „Прославуваме Независноста на Косово на Попова Шапка. По повод 17-ти февруари, Денот на Независноста на Косово, организираме супер прослава за вас!“

„30% попуст на ски билети и многу повеќе! Од 12:30 до 15:00, Ski Kafe “GE” ќе ве забавува со живо музичко изведување од Луле Ибрахими и Ветон Сопоти. Од 18:00 до 21:00, уживајте во ноќно скијање и енергична атмосфера со музика од DJ Lil Miss на Ski Kafe “Два Седишта”. Придружете ни се и станете дел од најголемата прослава на Попова Шапка!“, се вели во постот споделен на социјалните мрежи. 

Овој потег предизвика реакции во јавноста, имајќи предвид дека станува збор за државен ски центар кој одбележува национален празник на друга држава. Настанот е закажан за 17 февруари, а организаторите најавија музика, забава и специјални активности за посетителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Жител на шарпланинско село во Косово е…

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…

Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…

Косовски државјанин е лишен од слобода откако…