Вучиќ: Ако се договори мир до Велигден, Трамп би можел да биде во Москва на 9 мај!
Доколку до Велигден се договори мир во Украина, Доналд Трамп би можел да биде и во Москва на 9 мај, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Ако има договор, очекувам на Денот на победата, заедно со Фицо, Орбан и мене, да биде и претседателот на Америка“, изјави Вучиќ на новинарите во возот на пат кон Сремска Митровица, каде што денеска се одржува митинг за прослава на Денот на државноста на Србија.
Вучиќ рече дека во текот на историјата Србите често доцна гледаат големи промени во светот, но дека сега се обидуваат да разберат што се случува.
„Во тек се големи промени. Следиме се што се случува. Работите се комплицираат меѓу Америка и Русија од една страна и Украина и Европа од друга страна. Ако таму се постигне мир до Велигден, тоа би било најдобро за сите. Потврдив дека ќе одам во Моксва на 9 мај, а потоа Трамп може да биде и на Црвениот плоштад“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва удри по укранските одбранбени објекти –…
Руската војска изврши серија напади врз украински…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
(ВИДЕО) Зеленски: Русите се уште напаѓаат, а…
Украинскиот претседател – Володимир Зеленски и се…
Вучиќ од Москва: Благодарност до Црвената армија…
По многу години, повторно во Москва. „Горд…
(Видео) Вучиќ слета во Москва
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес пристигна во…