Самитот на БРИКС ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули

Бразилската влада соопшти дека овогодинешниот самит на БРИКС ќе се одржи во бразилската метропола Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули.
Оваа година Бразил е ротирачки претседавач на групата водечки економии во развој – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
Блокот се прошири, се приклучија Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија, а поканата за приклучување беше упатена и до Саудиска Арабија.
Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа официјални апликации за членство. Нигерија има статус на „партнер“.
„Ќе донесеме стратешки одлуки за развој, соработка и за подобрување на животот на граѓаните на земјите од БРИКС и нашите партнери“, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Мауро Виеира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Самитот на БРИКС ќе се одржи во…
Бразилската влада соопшти дека овогодинешниот самит на…
ЦУК: Локализиран пожарот на запалениот магацин во…
РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар,…
Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција
Спрскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека е…
Политико: Дали е ова крај за НАТО?
Додека се собраа на самитот, европските официјални…
(Видео) Како се апсеше штипски дилер во…
МВР информира за апсење на штипски дилер.…