(Видео) Скандал во Бугарија: Претепан делегатот на фудбалскиот меч Локомотив Пловдив – Септември Софија

t

Голем скандал се случи на мечот од бугарската Прва фудбалска лига меѓу Локомотив Пловдив и Септември Софија.

Локомотив беше поразен како домаќин во Пловдив со резултат 1:0, во рамките на 21 коло од првенството, а на крајот од натпреварот дојде до тежок инцидент.

На еден од навивачите му се слоши и му беше потребна медицинска помош, а потоа транспорт во болница. Делегатот на натпреварот побара од друг навивач да се врати на трибините, но тоа не му се допадна.

Набрзо на теренот се спуштиле повеќе навивачи и делегатот се најде во голема опасност, а по кратка расправија беше физички нападнат добивајќи два удари во главата.

Откако ситуацијата некако беше смирена со помош на домашните играчи, судиите и делегатот решија натпреварот да се доигра до крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…