Комити со порака: Ние сме Вардар и никој друг, ги урнавме надежите на многу душмани…

t

Вардар загуби уште еден натпревар на домашен терен, овојпат од составот на Шкендија со 1-2, не користејќи ја одличната атмосфера што ја создадоа домашните навивачи на националната арена.

Комити се јавија со соопштение со кое јасно ставија до знаење дека се задоволни од својата бројка и очекуваат уште поголема посета на наредните натпревари.

„За нас откажување нема. Не дозволивме капитулација ниту во околности кога се боревме клубот да преживее, нема ниту сега. Затоа веднаш избриши си ја таа опција во главата. Ниту под разно!

Денешното издание ги урна надежите на многу душмани, а ние самите на себеси си докажавме колку е сега важно да сме сите обединети на западната трибина!

Оваа бројка и енергија не смеат да спласнат, напротив мора постојано да растат. Затоа што ние сме Вардар, нема никој друг. Така било – така и ќе остане“, порачаа Комити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…