И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина
Откако британскиот премиер Кир Стармер денеска објави дека Велика Британија е „подготвена“ да испрати мировни трупи во Украина, пратеникот од демохристијанската партија во германскиот Бундестаг Јирген Харт изјави дека Германија најверојатно ќе биде дел од таков план.
„Не сакаме да влеземе во таа војна. Во меѓународното право постои јасна основа за мировна мисија во Украина за да се обезбеди прекин на огнот и траен мир. Не можам да замислам Германија да не е дел од тој концепт“, изјави Харт за Би-Би-Си.
Се огласи и шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард, која рече дека Шведска не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина како дел од „некаков вид повоена мировна мисија“, објави денеска шведскиот јавен сервис.
„Прво мора да преговараме за праведен и одржлив мир во рамките на меѓународното право“, рече Стенергард.
Британскиот премиер Кир Стармер денеска изрази подготвеност да испрати британски војници во Украина доколку се постигне договор за ставање крај на војната со Русија, објавија претходно денеска британските медиуми.
Тој призна дека тоа би можело да ги стави британските сили „во опасност“ доколку Владимир Путин започне нов напад, објави лондонски Гардијан.
Коментарите на Стармер дојдоа непосредно пред денешниот вонреден самит на европските лидери во Париз, организиран за да се смисли стратегија за спротивставување на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне договор со рускиот претседател Владимир Путин и неговите најави за намалување на трошоците на САД за европската одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…