Сите очи вперени во Саудиска Арабија: Почнуваат преговорите меѓу Русија и Америка!
Ријад денеска ќе биде платформа за руско-американски преговори на високо ниво. По неколку години без дијалог, делегациите од Русија и САД ќе се состанат за да разговараат за перспективите за решавање на ситуацијата во Украина, како и за начините за подобрување на заглавените билатерални односи меѓу Москва и Вашингтон.
Според наредбата на претседателот на Русија, Владимир Путин, руската страна ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошник шефот на државата Јуриј Ушаков. Според телевизијата Си-Ен-Ен, американската делегација во Ријад ќе ја сочинуваат помошникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Валц и специјалниот пратеник на американскиот лидер за Блискиот Исток, Стивен Виткоф.
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, една од главните теми на преговорите ќе биде подготовката за средба меѓу лидерите на Русија и САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…