Фердинанд во паника: Јунајтед може да испадне
Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд упати сериозно предупредување до клубот од Олд Трафорд дека може да испадне од Премиер лигата ако не се преземе нешто.
Некогашниот англиски репрезентативец кој сега работи како аналитичар и има свој поткаст, загрижен е дека тешкиот распоред до крајот на сезоната е огромен проблем и покрај тоа што Јунајтед има 12 бода предност во однос на Ипсвич кој е на 18. место на табелата.
„Манчестер Јунајтед страда, само Вулверхемптон и Вест Хем е меѓу мојот поранешен клуб и зоната за испаѓање. Дали сфаќате дека сме многу блиску? Некој рече дека ни се потребни 11 за опстанок и јас навистина почнувам да размислувам за тоа. Ги гледам натпреварите, Евертон на гости, Ипсвич дома, Арсенал, Нотингем Форест и Манчестер Сити на гости, па Вулверхемптон, Брентфорд, Челси, Астон Вила, Лестер… Единствено место каде можеме да земеме нешто, не велам ни победа, е Лестер“, смета Фердинанд.
Еден од најголемите проблеми за Јунајтед во моментов се повредени играчи бидејќи против Тотнем, Аморим не можеше да се смета на дури 12 фудбалери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската армија подготвува војници за препознавање на…
Американската армија издаде нов теренски прирачник наменет…
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…