Вчера биле напишани 796 казни, се санкционирало неправилно паркирање, брзо возење, зборување на мобилен, неносење појас

t

МВР не престанува со интензивните сообраќајни контроли на патиштата низ државата. Само вчера биле казнети 796 лица, најмногу од прекршоците биле за неправилно паркирање.

„Вчера во рамки на активностите на полициските службеници за 796 учесници во сообраќајот беа издадени платни налози, а од друга страна наплатени беа 500 платни налози. Дури 338 од овие прекршоци вчера се однесуваа на неправилното паркирање, а во 145 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење. Од друга страна пак по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и и говорење на мобиен телефон при возење, евидентирани беа 50, односно 31 прекршок. Полициските службеници детектираа 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи, во четири случаи возачи минале на црвено светло, а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила“, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕМИТУВАШЕ УПАТСТВА ЗА…

Иранската државна телевизија и медиумите во земјата…

Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…

Сакам да информирам за една преубава вест,…

Иран пак се заканува со напади врз…

Корпусот на гардата на Исламската револуција (КСИР)…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…

Две воздушни цели биле забележани во близина…