Објавено на:

„Веќе не можеме да се потпираме на САД“: заедничка изјава на мнозинството во Европарламентот

t

Постапките на Доналд Трамп околу Украина предизвикуваат поделби и меѓу политичките групации во ЕУ. Синоќа, лидерите на централно-десничарската Европска народна партија (ЕПП), аоцијалистите и демократите, либералната Обнови ја Европа и Зелените потпишаа заедничка изјава во која се вели дека Европа „веќе не може целосно да се потпира на Соединетите држави за да ги брани нашите заеднички вредности и интереси“, како и повикување на нагло зголемување на напорите за зајакнување на одбраната.

Ова е мнозинството зад кое стои претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Оваа заедничка изјава дека „веќе не можеме да се потпираме на САД“ има капацитет да внесе поделби и во најголемата политичка групација во Европа – ЕПП. Во неа членува ВМРО-ДПМНЕ, како и партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, СНС, кои се големи поклоници на Трамп.

Меѓу потписниците на ова соопштение ја нема десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), чии членови ги вклучуваат полската партија Право и правда и Браќата на Италија на премиерката Џорџа мелони. ЕЦР редовно им се придружуваше на тие групи во про-украинските изјави во минатото, но портпаролот на групата рече: „Не бевме целосно задоволни од формулацијата на проценката за САД во текстот… Сега е време за смирен, одмерен дијалог и фокус на прагматични решенија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…