Поранешна пратеничка на ВМРО удри по колегите: Срамота е на плата од 120 илјади денари да се жалиш дека си зијан
Поранешна пратеничка на ВМРО удри по колегите:
Незгодно е, од туѓиот срам.
Да не верува човек што слуша и гледа. Колеги, пратеници, поранешни, сегашни, идни, луѓе златни, како е можно некој од таа позиција да говори дека е во зијан со трошоците за патарини!?
Од Прилеп до Скопје дневен трошок исплатен на пратеник во вредност од 4500 денари, било малку, па биле во зијан!? Па со тие пари со авион до Виена ќе одиш и ќе се вратиш со Vizzair!
На плата од 120000 денари, да се жалиш дека си во зијан со патарина од 4500 денари е потценување на интелигенцијата на народот.
Да се биде пратеник треба да е чест и посебна одговорност. Тоа не треба да е ќар, печалба!
Таму треба да се најдобри од најдобрите во се’!
Како пратеници од Скопје не сме земале патарини, а платите ни беа 60 000 денари и никој не се пожали.
Напротив, сами сме си обезбедувале превоз и до работа и низ цела ИЕ која многу често ја поминувавме на средби со граѓаните. Имавме канцеларии каде секој граѓанин од нашата ИЕ можеше да се сретне со нас секој петок. Разни предлози и иницијативи од таа канцеларија произлегоа и се решаваа. Сега немам со очи видено пратеник на терен, само на ФБ слики од приредби во сенката на Градоначалниците. Нема канцеларија на пратеник, се укина, како можна “закана” по позицијата на локалниот вожд.
Не се сите без осет, има и со високи вредности и компетенции, кои, барем не се топорат да се правдаат и да бранат нешто што не се брани.
Што направивте бре луѓе?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…