Минималната кошница за февруари повисока за 521 денар, изнесува вкупно 63.773
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5,800 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6,096 денари или 9,6 отсто.
За лична хигиена и одржување на хигиена во домот треба да се одвојат 2,195 денари или 3,4 отсто, за здравје 1,135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4,844 денари или 7,6 отсто.
За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3,417 денари или 5,4 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4,592 денари или 7,2 отсто, за образование 7,036 денари или 11 отсто, за ресторани и хотели 4,131 денари или 6,5 отсто, а за останати стоки и услуги 1,100 денари или 1,7 отсто.
Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21,471 денар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…
Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…
(Видео) Сакате евтина работна сила за да…
Лесно е со 160.000 месечна плата да…
Ампева: СРАМ ДА ВИ Е на „синдикатите“…
Срам да им е на „синдикатите“ кои…
(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…
Денес по повод 1 Мај, Денот на…
(Во живо) Работниците скандираат „лопови“ и „апаши“…
- Ова не се работодавачи, ова се…