Израелските војници остануваат распоредени на пет стратешки локации во Либан
Израел ќе остави мал број војници на пет стратешки локации во јужен Либан откако утре истекува рокот за повлекување на израелските трупи во рамки на примирјето со Хезболах, изјави денеска портпаролот на израелската војска Надав Шошани.
„Мораме да останеме на тие точки во овој момент за да ги одбраниме израелските граѓани, да се увериме дека овој процес е завршен и на крајот да им го предадеме на либанските вооружени сили“, рече Шошани.
Тој исто така рече дека тој потег е во согласност со договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, пишува „Тајмс оф Израел“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…
Мајка на син кој бил диџеј во…
ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Улиците на Белград се…
Во Белград започна собирот за протестот „Се…
Пронајдена удавена жена во Дебарско Езеро –…
Жена на околу 40-годишна возраст се удавила…
На ГП Табановце се чека околу 15-30…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Мајстор наплати 100 евра за 10 минути…
Недостигот на занаетчии и растечките цени на…