Туск: Капитулација под принуда на Украина би значела капитулација на целиот Запад

t

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека принудната капитулација на Украина може да значи капитулација на целиот Запад, со сите последици што ќе следат.

„Принудната капитулација на Украина би значела предавање на целата западна заедница. Со сите последици од овој факт. И никој нека не се преправа дека не го гледа ова“, напиша Туск на платформата Х.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ кој „не смее да одржува избори во својата земја“, наведувајќи дека Зеленски е многу слабо рангиран во украинските анкети и дека единственото нешто во што е добар е да го изигра поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени оваа изјава на Трамп како „лажна и опасна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…

Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…

Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…

„Скандинавскиот” премиер балкански манипулира – му порачаа…

Независните граѓански иницијативи ја искоментираа денешната изјава…