Палевски: Не се препознавам на снимките презентирани од Обвинителството

t

Не се препознавам на изведените видео-материјали од страна на обвинителството, истакна првообвинетиот Палевски во приговор кон доказите на Обвинитлството на денешното рочиште во Кривичниот суд.

– Овие материјали кои денес беа презентирани, не се веродостојни и се манипулирани, манипулирани се датите, јас во присуство на тројцата сообвинети сум бил прв и последен пат на петти мај, не на 22.11.2023 година. Комоцијата на обвинителството во презентирање и наметнување на лажни докази, како на пример дека на црната јакна се гледа црн микрофон на јакната, во ноќен режим камери, тоа е невозможно. Јавното обвинителство е претворено во медиумски деск. На овие снимки кои се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам, вели Палевски.

Според него со вештачење на биолошки материјали ќе се докаже дека нема негови ДНК траги во возилата.

Свиркачот кој ми ги даде податоците е избркан од работа од МВР, откри Палевски за време на неговото излагање.

Обвинителството објасни дека не е возможно манипулирање со доказниот материјал, а судот констатираше дека на презентираните снимки се гледаат четворицата обвинети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Бугарското обвинителство подигна обвинение против анестезилог за…

Окружното обвинителство на Пловдив подигна обвинение против…

Арсовска за Ганиу: Или нека добие кривична…

Лик како Вики Ганиу би требало да…

(Видео) Нема вечно да молчиме, им порачаа…

Нашиот молк е гласот на оние што…

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…