Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа

t

Глобалната кибербезбедност е под зголемена закана. Бројот на слабости на виртуелните облаци низ светот, односно потенцијалните слаби точки во системите – се зголеми за над двојно за само четири години – од 1.700 на 3.900, според истражувањето на „Ај-би-ем“ (IBM). Проучувањето е спроведено меѓу 2019. и 2023 година со следење различни облак-услуги низ светот.

Балканот е, се чини, „критичниот дел“ на кибербезбедноста на Европа, според новото истражување на компанијата за безбеднот на облак-услугите – „Клаудл“. Најзагрозени точки се Босна и Херцеговина (со рејтинг на опасности од 71 отсто), Србија (69 отсто) и Албанија (67 отсто), пишува „Евроњуз“.

– Ранливостите откриени во земји како Босна и Херцеговина и Србија ги истакнуваат критичните празнини во инфраструктурата за кибербезбедност, коишто бараат итно внимание, нагласи извршниот директор и основач на „Клаудл“, Акаш Махајан. – Мораме да му дадеме приоритет на обуката за кибербезбедноста и да спроведеме силни мерки за заштита на податоците бидејќи продолжуваме сè повеќе да се потпираме на облак-технологиите. Ова вклучува редовни безбедносни контроли, програми за обука на вработени лица и усвојување напредни технологии за шифрирање – додаде тој.

За кибербезбедноста на Обединетото Кралство (64 отсто) се истакнати вкупните опасности поради големиот број проценети пробивања на облак-услугите – над една милијарда изминатите две десетлетија.

Македонската кибербезбедност е на незавидното 5. место, заедно со ирската, холандската и летонската – сите со рејтинг на ризик од 53 отсто. Следи италијанскиот систем безбедност (51 отсто), со околу 800 милиони пробивања. Полска е на 10. место со рејтинг на опасност од 49 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…