Објавено на:

Почнаа очи да си вадат – Порошенко до Зеленски: Престани да се однесуваш како да си на стадион

t

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко се осврна на се позатегнатите односи меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски. Тој го повика својот наследник на чело на Украина да избере помек пристап во односите со САД.

Порошенко беше претседател од 2014 до 2019 година, а сега е лидер на опозицијата во парламентот. Тој останува политички ривал на Володимир Зеленски, кој убедливо го победи на изборите во 2019 година. Зборувајќи за растечките тензии меѓу Украина и САД, тој рече дека Зеленски треба да престане „да се однесува како на стадион“.

„Овој облик на борба не е во корист на Украина, без разлика колку се елоквентни аргументите. Разговорот со Трамп бара дипломатско мајсторство, трпение и смиреност за да не се реагира на секоја негова изјава. Подготвен сум да одам во Брисел или дури и во Вашингтон за да ја спасам ситуацијата“, додаде Порошенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…