Денеска се празнува Светиот маченик Никифор

t

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се одметна во страшна меѓусебна омраза. Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот Саприкиј беше осуден на смрт и изведен на губилиште. Нажален Никифор појде со Саприкиј молејќи го патем барем пред смртта да му прости и да се разделат во мир. Саприкиј не сакаше да се обѕрне на својот соперник, туку мирно и гордо чекореше кон смртта. Никифор им возвикна на џелатите: „И јас сум христијанин! Убијте ме мене наместо Саприкиј!“ Џелатите му го јавија ова на судијата и тој им нареди да го пуштат Саприкиј, а да го убијат Никифор. Тој радосно ја положи својата глава на трупецот и му ја отсекоа. Така се удостои со Царството Небесно. Ова се случи во 260 година, во времето на царот Галиен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се родил од побожни родители…

Денес се празнува Светиот апостол Јаков

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи…

Денес се празнува Преподобна Пелагија

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во…

Денес се празнуваат Светите маченици Сергиј и…

Овие Свети и прекрасни маченици за верата…

Денес се празнува Светиот апостол Тома

Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот…