Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете
Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа откако се урна покривот на трговски центар, а уште 79 лица се повредени во несреќата што се случи на Реал Плаза во Перу.
Сведоците на местото на настанот велат дека слушнале силен звук непосредно пред да се урне покривот.
„Имаше многу силна бучава, а потоа облак прашина каде што се урна покривот“, рече сведокот.
„Во Реал Плаза длабоко жалиме што се случи во нашиот трговски центар во Трухиљо и изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите. Исто така, им изразуваме апсолутна поддршка на сите семејства и на повредените во оваа несреќа“, рече портпаролот на трговскиот центар „Реал Плаза“.
Тие истакнаа дека работат со властите и се приклучуваат на спасувачките напори, како и дека им даваат поддршка на сите повредени граѓани.
„Покрај тоа, во знак на жалост и солидарност со жртвите, одлучивме денеска, сабота, 22 февруари, сите наши трговски центри да останат затворени во целата земја“, додаваат оттаму.
Нагласија и дека се тука да пружат помош на секој на кој му е потребна. Истрагата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна покривот на трговски центар во…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
Поранешниот претседател на Перу е осуден на…
Алехандро Толедо е осуден за примање мито…
(Видео) Шок во Перу: Запленети 58 килограми…
Перуанската полиција запленила 58 килограми кокаин, а…
Австралија преку пенали го совлада Перу за…
Фудбалерите на Австралија синоќа на неутрален терен…
Перу за два дена игра бараж за…
Перу за два дена ќе игра бараж…