ЗНМ со реакција за нападите од ВМРО-ДПМНЕ кон Сашо Ордановски: Политичкото етикетирање на новинари е неприфатливо!
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара да престанат партиските пресметки во кои се користат имиња и ставови на новинари, бидејќи ваквата практика е неприфатлива и штетна за целиот медиумски простор.
Посебно загрижува фактот што пратеник на владејачка партија, на две последователни прес-конференции, употреби несоодветни квалификации за новинарот Ордановски, врамувајќи го во политички и партиски контекст. Оваа реторика, кога доаѓа од политички функционери, не само што е контрапродуктивна за слободниот јавен дискурс, туку создава и ризик од продлабочување на недовербата и поттикнување негативни чувства кон новинарите.
ЗНМ апелира јавните функционери да се воздржат од изјави што можат да се протолкуваат како етикетирање или дискредитација на новинари. Ваквите постапки не се во духот на демократските вредности и го загрозуваат квалитетот на јавната дебата
Доколку имаат забелешки за одредени медиумски содржини, политичарите можат да поднесат претставка до релевантните саморегулаторни тела, како што се Советот на чест при ЗНМ или Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…