Дојава за бомба во американски патнички авион, принудно слета во Рим!
Авион на авиокомпанијата „Американ ерлајнс“, кој летал од Њујорк за Делхи во Индија, попладнево принудно слета на аеродромот „Фиумичино“ во Рим поради закана за бомба, јавуваат светските медиуми.
На снимка која се појави на социјалните мрежи, се гледа како патничкиот авион лета придружуван од два борбени авиони. Ова е стандардна процедура која се прави од безбедносни причини во вакви ситуации.
Сите служби на аеродромот во Рим беа во состојба на готовност, а авионот слетал безбедно, јавуваат медиумите.
„Безбедноста и сигурноста се наши врвни приоритети и им благодариме на нашите клиенти за разбирањето“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
Висок функционер информиран за ова прашање изјави за „Еј-би-си њуз“ дека заканата за бомба била примена по електронска пошта, но било утврдено дека е лажна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион полн со патници нагло се спуштил…
Пет лица се повредени откако патнички авион…
Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…
Патнички авион на лет од САД кон…
(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…
На социјалните мрежи се појави нова снимка…
Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…
(Видео) Авион се излизга од пистата во…
Авион со 132 патници на аеродромот во…