Убиен е бездомникот од Босна на чие име „бизнисмени“ фиктивно регистрираa фирми
Пред две ноќи, во населбата Тузла, Ступине, беше убиен Сабалахајрудин Суљагиќ (35), бездомник кој стана познат на пошироката јавност во Босна и Херцеговина откако бизнисмени-криминалци фиктивно регистрираа фирми на негово име, јавува „Аваз“.
Како што претходно информираа од Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, во една зграда во градот се случила расправија, а кога пристигнала полицијата, го нашла масакрираното тело на Суљагиќ, кој бил убиен со ладно оружје. За неговото убиство е уапсен Ерџан Буљубашиќ, во чиј стан се пронајдени неколку мачети. Осомничениот негира дека го убил бездомникот.
Порталот „Истрага“ потсетува дека убиениот Суљагиќ пред 13 години бил во фокусот на приказна објавена од Радио Слободна Европа. Тој ги загубил двајцата родители во војната во БиХ и бил сместен во дом во Сараево како воено сираче. Кога наполнил 18 години и го напуштил домот, станал бездомник. Во 2012 година живеел на улиците на Тузла и спиел во тамошната градска џамија.
Суљагиќ стана познат во јавноста кога на негово име фиктивно биле регистрирани неколку фармацевтски компании. Вистинскиот сопственик на една од овие фирми бил бизнисменот Давуд Захировиќ, кој почина во 2021 година. Поради овие манипулации, адвокатот Суад Суљиќ беше уапсен во Тузла во 2020 година.
Тој беше обвинет, објави тогаш Обвинителството, дека како адвокат на фирмата „Боснафарм“, која беше во сопственост на Давуд Захировиќ, поранешниот претседател на ФК Слобода, го пререгистрирал основачот, директорот и ја префрлил адресата на седиштето на компанијата на Сабалахајрудин Суљагиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо…
Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ…
Мицкоски: Скопското Кале ќе се обнови и…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изврши…
Полицаецот-тепач бил Албанец од крим-полиција, внатрешната контрола…
Полицаецот-тепач кој ги нападнал двете лица и…
Му го украле автомобилот со оставени клучеви…
Жител на тетовското село Жилче пријавил дека…
Грците открија 7,3 милиони шверцувани цигари: Со…
Грчките власти заплениле околу 7,3 милиони шверцувани…