Избран нов градоначалник на Нови Сад без присуство на опозицијата на која и беше забранет влезот во Градското собрание
Советниците на владејачката коалиција предводена од Српската напредна партија (СНС), во која се и Социјалистичката партија на Србија и Алијансата на Унгарците од Војводина, го избраа Жарко Миќин за нов градоначалник на Нови Сад. На седницата присуствуваа само советниците од владеачката коалиција, додека полицијата и обезбедувањето не им дозволија на опозициските советници да влезат во зградата на Градското собрание.
Полицијата брутално ги нападна и ги оттурна советниците, а дел од нив се повредени.
Од полицијата им кажале дека се „безбедносен ризик“ и дека не можат да влезат на седницата на Градското собрание.
Претходно, граѓаните кои се собраа на протест пред Градското собрание на Нови Сад фрлаа јајца, црвена боја и тоалетна хартија кон полицијата и кон зградата.
Опозицијата изјави дека Жарко Миќин е „недостоен“ за градоначалничка функција и дека меѓу другото организирал „тепачи“ на СНС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…
Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…
Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…
Брутален руски напад на Киев – најмалку…
Најмалку 15 лица се убиени, а 114…
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…