Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска, откако денеска премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Македонија е коспонзор на американската резолуција за Украина.

„Овој потег ја става Македонија на мапата на конзервативни држави поддржувачи на Путин и е многу поштетен од сите глупости на Левица и нејзините лигавења со руската дипломатија. Со ова Мицковски ја препознава окупацијата на Македонија од страна на Бугарија како административно присуство, а не окупација“, напиша Најчевска.
Премиерот рече дека така одлучиле…
Со 93 гласови „за“ и само 18 „против“ и 65 воздржани, земјите-членки на ОН денеска ја поддржаа резолуцијата предложена од Украина зад која застана целата ЕУ, а која руската инвазија во Украина го нарекува „воена агресија“ и дава поддршка на територијалниот интегритет на земјата, барајќи повлекување на руските војници.
Македонија беше воздржана на ова гласање, откако прифати да биде коспонзор на друга резолуција, поднесена од САД, во која се користи многу поблаг речник и нема директна осуда на Русија, која не се именува како агресор или извор на конфликтот.
И американската резолуција денеска помина во Генералното собрание на ОН – зад неа застанаа 93 земји, 8 беа против, а 73 воздржани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…