Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешка кражба и Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело.

Осомничениот, на 24 февруари, заедно со друго лице кое се уште не е идентификувано, со провалување во затворени простории одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Откако претходно осомничениот направил лажни клучеви за отворање врати, заедно со соизвршителот насилно делувале на бравата од влезната врата на стан на улицата “Даме Груев”. Штом отклучиле, влегле во станот, извршиле претурање и пребарување и одзеле 250 евра во разни апоени, како едно сребрено ташниче – несесер со накит, па го напуштиле местото на настанот, известија од ЈО.

Јавниот ообвнител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност од бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…