На денешен ден е роден Ѓорѓи Колозов, неговата ќерка со честика на фејсбук

t

На денешен ден, 26 февруари во 1948 година, е роден Ѓорѓи Колозов, последниот македонски цар и Господ – еден од најпознатите и најдобрите македонски глумци со кого израснаа многу генерации.

Роден е во Богданци, а почина на 13 октомври 2003 година во Скопје. Најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ во легендарните македонски народни приказни.

Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот.

Години поминуваат од неговото раѓање и смрт, а неговата популарност сеуште трае и ќе трае додека постои овој македонски народ!

Неговата ќерка Катерина Колозова со честитка на својот фејсбук профил.

– Сите го памтат по приказните, но тој има одиграно стотици претстави во Македонскиот народен театар и во други театри. Некој на Википедија успеал да собере пристојна листа на претстави, и му благодарам за тоа (иако е далеку од потполна). Среќен роденен, тато, 26 февруари, убав датум… напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…