(Во живо) Босна и Херцеговина пред распад?!Една година затвор за Милорад Додик и шест години забрана за политичко делување – Ќе гори ли повторно Балканот?
Судот на БиХ донесе првостепена пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит.
Судот на БиХ донесе првостепена пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит, прогласувајќи го за виновен и осудувајќи го на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност.
Да потсетиме, се работи за првостепена пресуда која може да се обжали.
Додик претходно изјави дека нема да присуствува на пресудата, а како што рече неговиот адвокат Горан Бубиќ, законот не ги обврзува ниту бранителите да присуствуваат во судот.
За потсетување, одбраната на Додик и Лукиќ во завршните зборови побара ослободителна пресуда, а Обвинителството предложи затворски казни поблиски до максимумот за делото за кое им се судеше, а со која се предвидува пет години и забрана за вршење јавна функција во траење од 10 години.
Ова судење започна на 16 октомври 2023 година, доказното рочиште заврши на 5 февруари, а завршните зборови беа изнесени во среда, 19 февруари. Додик по излагањето на завршните зборови рече дека Обвинителството на БиХ и нанело сериозен удар на БиХ и дека пресудата против него, како што рече, може да ѝ нанесе фатален удар на БиХ.
Постапката против претседателот на Република Српска е покрената затоа што тој го потпишал указот за стапување во сила на законот, а Лукиќ затоа што бил објавен во Службен весник на Република Српска, чиј в.д. директор. Лукиќ денеска беше ослободен од обвиненијата.
Станува збор за закони усвоени од Народното собрание на Република Српска во врска со необјавувањето на одлуките на високиот претставник и неспроведувањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ, за што Шмит потоа донесе одлука да ги поништи.
Владата на Република Српска ги покани граѓаните на пладне на митинг пред зградата на Народното собрание во Бања Лука, каде еден час подоцна ќе продолжи вонредната седница на Парламентот на Република Српска што почна синоќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…
Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…
Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…
Брутален руски напад на Киев – најмалку…
Најмалку 15 лица се убиени, а 114…
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…