Стејт департмент: Војната во Украина не е тема на разговор меѓу Русија и САД во Истанбул
Американските и руските официјални лица нема да разговараат за политички и безбедносни прашања, ниту за војната во Украина, на утрешната средба во Истанбул, изјави портпаролот на Стејт департментот.
Исто така, неименуван функционер во американската амбасада во Анкара изјави дека двете делегации ќе разговараат за прашања кои влијаат на работата на дипломатските претставништва на двете страни.
Делегации на Русија и САД утре ќе одржат технички разговори во Истанбул, соопшти денеска турското МНР.
-Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи.
Учесниците, точното време и локацијата на состанокот сè уште не се објавени.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно денеска изјави дека утре во Истанбул ќе се одржи руско-американска средба за нормализација на работата на амбасадите на двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…