МИЦКОСКИ ГО ПРЕДВИДУВА КРАЈОТ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА -Слушајте ми го зборот, ако грешам – ќе се извинам!

t

„Гледам дека сите во светот зборуваат за мир во Украина. Ако зборуваме за мир во Украина, тогаш ајде да работиме на мир. Како се прави тоа? Се седнува и се преговара. Тоа е начинот како се постигнува мир. Со воени дејствија на теренот, со жртви, со повредени и со раселени не се постигнува мир. Токму тоа е резолуцијата на САД, да се постигне одржлив мир којшто цела Европа го посакува“.

Ова денеска од собраниската говорница го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања кои ги постави Славјанка Петровска, пратеничка од редовите на опозициската СДСМ.

– Се одржаа средби прво во Ријад, потоа во Вашингтон. И на крајот повторно ќе имаме една иста резолуција којашто сите ќе ја поддржат, а ние сме ко-спонзори. Еве видете што ќе се случи за неколку месеци. Ако грешам, ќе се извинам. Ама ако излезе така како што велам, тогаш Филипче нека излезе на нова прес-конференција и тој нека се извини. Мислам дека треба да го поздравите потегот на Владата и во иднина ако имате било какви дилеми и ако мислите дека нешто не ви е јасно, тогаш ви стоиме на располагање да ви разјасниме. Мојот телефон го имате, а ако го немате, лесно ќе го најдете. Дојдете, ќе поразговараме во секое време. Сега не се моменти кога треба да ја поларизираме состојбата кај нас, туку сега треба да се обединиме околу националниот интерес – рече Мицкоски.

Би сакал да ве замолам, ѝ се обрати Мицкоски на Петровска, следниот пат кога ќе биде закажано судско рочиште да дојдете на суд и да ги докажете тврдењата против мојот син.

– Следниот пат да не наоѓате изговор дека имате обврски, бидејќи изнесовте тврдења во јавноста напаѓајќи го моето дете. Ве молам да дојдете на рочиштето. Мојата чест е скапоцена, но честа на моето дете е уште поскапоцена – истакна премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…