Мицкоски до Петровска: Резолуцијата во ОН ја гласавме во координација со САД, сите кои во периодов ќе го посетуваат Вашингтон ќе гласаат така – дали како партија ќе се извините на нов прес?

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ посветено на гласањето на резолуцијата за Украина во Обединетите Нации.

-Одлуката беше таква, затоа што имавме избор дали да застанеме меѓу првите во редот заедно со нашиот стратешки партнер САД или да поддржиме заеднички став на Европската Унија. Кога видовме дека во Европската Унија нема заеднички став по резолуцијата, тогаш беше логично да застанеме позади резолуцијата која што ја предложија Соединетите Американски Држави, изјави премиерот Мицкоски и истакна „на Советот за безбедност има постојани земји членки и земји членки кои се менуваат. Прашањето е зошто тие земји членки кои што се постојани или повремени, а се дел од ЕУ, не го блокираа носењето на резолуцијата на САД?! Зошто не гласаа против?“

Премиерот Мицкоски дополни дека истите тие земји членки ќе го посетуваат наредниот период Вашингтон со цел да се постигне одржлив мир. На крајот од тој процес ќе има резолуција која ќе наликува на оваа од Америка, на која ние како држава сме коспонзори, резолуција која сите ќе ја поддржат.

Мицкоски рече дека Македонија во целосна координација со САД гласала воздржано за изменетата резолуција која претходно помина на Советот на безбедност.

-Гледам дека сите во светот денес зборуваат за мир во Украина. Ако зборуваме за мир во Украина, а не сме со двојни стандарди, тогаш ајде да работиме за мир. Како се работи на мир? Се седнува, се разговара и се преговара. Се прогласува прекин на огнот на двете страни и се седнува на маса. Тоа е начинот како да се постигне мир и се разговара се до моментот додека не се постигне мир. Со воени дејства на теренот, со жртви, со раселени, не се постигнува мир. Токму тоа е резолуцијата на САД, кажа Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…