Српската полиција „чешлаше“ четири граѓански организации со изговор дека проверуваат документација за УСАИД

t

Српската полиција вчера упадна во просториите на четири невладини организации по наредба на Антикорупциската управа во белградското Обвинителство.

Полицијата упаднала во просториите на Граѓански иницијативи во Белград, во ЦРТА, Фондацијата Траг и Центарот за практична политикаПолицијата најпрвин побара разговор со одговорните лица во овие организации.

Главниот јавен обвинител Ненад Стефановиќ рече дека од четирите организации била задржана целата документација, поврзана со донациите на УСАИД.

Драган Поповиќ, претседател на Центарот за практична политика, вели дека неговата организација никогаш во својата историја не соработувала со УСАИД и не била активна во последните години.

Од Граѓански иницијативи Белград објавија дека полицијата упаднала во нивните канцеларии тврдејќи дека имаат налог од обвинителството за проверка на работата, иако не го покажале истиот.

Граѓанските иницијативи најостро го осудуваат овој напад врз граѓанските организации и бараат надлежните органи веднаш да ја објаснат основата за ваквото постапување и да престанат да ги злоупотребуваат институциите за политички цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…