САД се смилуваа: Одложени се сакнциите кон НИС за 30 дена

t

САД ги одложи сакнциите кон НИС за 30 дена, пренесуваат српските медиуми.

„Ставувањето во сила на целосните санкции наметнати на НИС од страна на американското Министерство за финансии е одложено најдоцна до 28 март 2025 година“, се вели во соопштението на НИС во четвртокот.

Издадена е лиценца која овозможува непречено вршење на одредени активности, како што се одржување на деловно работење, извршување на сите трансакции, овозможување отуѓување или пренос на долг, расчистување и порамнување на трговијата, извршување на договори за финансиски деривати, како и вршење на „службени работи на дипломатски или конзуларни претставништва надвор од Руската Федерација“, според NIS.

Како што наведуваат, приоритети на компанијата остануваат уредното снабдување на домашниот пазар со сите видови нафтени деривати.

„Снабдувањето на синџирот бензински пумпи НИС е редовно, а рафинеријата за нафта Панчево работи во нормален режим и ги испорачува сите потребни нафтени деривати на пазарот“, беше објавено на веб-страницата на компанијата.

Санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС) во јануари годинава најави американското Министерство за финансии поради поврзаноста со руската државна компанија Гаспром, која е мнозински сопственик на НИС.

Најавените санкции се дел од поширокиот пакет економски мерки против Русија поради нејзините воени акции во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…