Синер поради допинг скандалот исфрлен од изборот за спортист на годината
Јаник Синер нема да може да се бори за признанието спорист на годината кое го доделува фондацијата „Лауреус“.
Италијанскиот синер неодамна доби суспензија во случајот со допинг скандалот, па поради тоа нема да може да конкурира за престижната награда.
Информацијата ја потврди директорот на фондацијата Шон Фицпатрик.
„По разговор со Лауреус академјата, одлучено е кандидатурата на Јаник Синер за спортист на годината да биде повлечена. Го следевме неговиот случај и сметаме дека суспензијата од три месеци ја прави неговата кандидатура невозможна. Јаник и неговиот тим се веќе информирани“, изјави Фицпатрик.
Суспензијата која ја доби италијанскиот тенисер е со важност од три месеци, а таквата одлука предизвика реакции во спортската јавност бидејќи се бараше построга казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…