Касами: ДУИ ќе ги загубат следните избори

t

Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами порача дека вчерашниот предлог на Али Ахмети даден на партиски собир, во октомври покрај локалните избори да има и вонредни парламентарни избори, не е прифатлив за партиите кои се дел од извршната власт. Касами со оцена дека секојдневно ДУИ создава алиби за да не учествува на локалните избори.

-Имајќи предвид дека нивните проценки се дека во главните урбани средини, кај што се мнозинство, Aлбанците би изгубиле и затоа е и нивното последно барање да заедно со локалните извори се оди и со парламентарни избори кога знаат дека тоа барање нема да се прифати од актуелното владино мнозинство. Значи, ние гледаме така на тоа, имајќи предвид уште и тоа дека нивниот главен стратег за избори, a тоа е поранешниот вице-премиер Артан Груби кој веќе е во егзил. Тие се без ориентир и бараат алиби како да не одат на локални избори, оцени Касами денеска во Тетово на новинарски прашања по седницата на Советот.

Според него, во ДУИ се свесни дека ќе ги изгубат наредните избори и затоа бараат начин како да не учествуват во тој процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…