Мелони: Многу е важно да се избегне ризикот од поделба на Западот за решавање на украинското прашање
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска по пристигнувањето во Лондон изјави дека е многу важно да се избегне ризикот од поделба на Западот за Украина.
„Мислам дека е многу, многу важно да се избегне ризикот од поделба на Западот. Италија и Велика Британија можат да играат важна улога во изградбата на мостови“, рече Мелони пред средбата со нејзиниот британски колега Кир Стармер во пресрет на самитот на сојузниците на Киев во Лондон.
Денешниот самит, на кој учествуваат украинските сојузници, има за цел да постави нови безбедносни гаранции во Европа.
На самитот учествуваат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, канадскиот премиер Џастин Трудо, полскиот премиер Доналд Туск, италијанската премиерка Џорџа Мелони, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…